Posts Tagged With: Италија

Таму каде што се поминува одмор од нашите соништа…

Ел Мундо за Вас креираше дестинации кои дефинитивно се неодоливи. Еве ја нашата листа:

Капри со Ел Мундо

Капри со Ел Мундо

Капри – Италија

Капри е италијански остров сместен на јужната страна од неаполскиот залив. Тоа е познато збиралиште и одморалиште благодарение на своите природни убавини.

Најчести мотиви на разгледниците од овој преубав италијански остров се и најпознатите обележја на Капри, а тоа се пристаништето „Марина Пикола“, местата Белведере, Анакапри, Блу Грото, како и остатоците од разурнатите села од времето на Римската Империја. 

Специфично за Капри е климата, која се одликува со блага атмосфера, без појава на студ во вечерните часови. На Капри има два поголеми града, тоа се Капри, на северната страна од островот, и пристаништето Марина Гранде, каде што пристигнуваат сите бродови.

Бидејќи островот е долг само 2 километри и широк 1,6 километри, имате големи шанси да го истражите целиот остров шетајќи се и да се запознаете со тамошната флора и фауна.

Канкун - Мексико со Ел Мундо

Канкун – Мексико со Ел Мундо

Канкун – Мексико

Градот Канкун во Мексико е лоциран на еден од најуникатните и највозбудливи туристички предели во светот, кој се граничи со Карипско Море. Канкун е прекрасен туристички град со возбудлив ноќен живот. Сепак, уште поатрактивен го прави неговата околина, која изобилува со недопрена природа, вклучувајќи и џунгли, интересни археолошки градови со пирамиди што ги граделе староседелците на Јужна Америка, Маите и Астеците, како и многу интересни животни и растенија. 

Секако, најинтересно е Карипско Море, поточно уникатната морска вода, која се смета за најчиста во цел свет и која има необично светлосина боја. Туризмот е високоразвиен во Канкун, па во богатата понуда има изобилство хотели што ќе ги задоволат потребите и на најпребирливите клиенти.

Хаваи – САД

„Хаваи е најпрекрасниот синџир острови распространет од природата во океаните“, напишал познатиот американски писател Марк Твен за островот Хаваи. 

Хаваи, најмлада сојузна држава на САД, е еднa од најпосетените туристички дестинации на планетата. Хаваи станува територија на САД во 1900 година, а на островите е сместено и познатото воено пристаниште Перл Харбор, кое беше бомбардирано за време на Втората светска војна. 

Сепак, во наредните години Хаваи се трансформираше во голема туристичка дестинација и моќна економска сила.

Хавана – Куба

Хавана е главен град, најголемо пристаниште и комерцијален центар на Куба. Тој е најголем град според популацијата, воопшто, и во Куба и во целиот Карипски регион. Гледајќи според површината, Хавана не е најголем град, туку според популацијата, која изнесува 2,3 милиони. Градот е сместен на 144 километри југозападно од Ки Вест, Флорида. 

Хавана претставува центар на најпознатите театарски претстави во кои настапуваат дел од најпочитуваните актери.

Азурен Брег – Франција

Азурен Брег, како што е популарниот назив за француската ривиера, сместен е на северноисточниот дел од брегот на Франција на Медитеранско Море, кое се граничи со Италија. Познатиот Кански филмски фестивал секоја година се случува токму на француската ривиера и привлекува филмски ѕвезди од цел свет. Азурниот Брег е едно од најпознатите одморалишта во светот, кое се надоврзува на италијанската ривиера, па продолжува на запад низ Монако, Ница, Антиб и Кан, па низ целиот медитерански брег. 

Француската ривиера стана собиралиште на познатите личности во почетокот на 20 век, а особено беше посетен од високата класа од Англија.

Доколку се уште барате нешто интересно за вашиот летен одмор – целата понуда може да ја видите овде.

Categories: Далечни дестинации, Ел Мундо, Лето | Tags: , , , , , , , , , , | Leave a comment

Венеција – град, каде што и Џакомо Казанова се вљубил

Венеција со Ел Мундо

Венеција со Ел Мундо

Венеција – прекрасна и единствена, недостижен оригинал за градовите ширум светот кои потсеќаат на неа, но, само со гордост со неа се споредуваат. Венеција е една од најбогатите ризници на италијанската и европската култура и уметност. Изградена е во 5-ти век во пространа лагуна на влевањето на реката Бренте во Венецијанскиот залив, на преку 100 мали острови раздвоени од околу 180 канали и со преку 400 мостови. Комплетното богатство на Венеција се неколку стотици палати и преку 90 цркви – сите дел од светско културно наследство под заштита на УНЕСКО.

Венеција има над 170 канали по кои пловат гондоли, чамци, мали параброди и моторни бродови. Најголем е Големиот канал на кој се наоѓа познатиот мост Риалто, а околу 380 помали и поголеми мостови служат за премин преку каналот. Градот е познат по романтиката, заљубените парови доаѓаат тука да уживаат во нивната љубов возејќи се со гондоли низ овој рај.Гондолите се во просек долги 11 метри, тешки скоро 600 килограми, а во градот има 350 гондоли. Венецијанската традиција налага дека паровите кои се возат во гондоли мораат да се бакнат под секој мост за секогаш да останат заљубени.

Венеција со Ел Мундо

Венеција со Ел Мундо

Мостот на воздишките е изграден за да го поврзи стариот затвор во Дуждиевата палата со новиот затвор преку реката. Еден од ретките затвореници кои успеале да победнат беше славниот љубовник Џакомо Казанова. Венеција е позната како Град на мостовите; има вкупно 417 мостови од кои 72 се приватни. Мостовите немаат скали затоа што преку нив редовно поминувале коњи сè до 16 век. Лавот е еден од најпрепознатливите симобили на Венеција, а според легендата се појавил ангелот Марко во облик на лав и најавил дека народот еден ден ќе го слави и почестува.

Што се однесува до италјанската кујна, не пропуштајте италијанска пица, паста и кафе. Што и да изберете, нема да промашите. Пиците дури и на главниот плоштад се движеа околу 10€, додека паста можеше да се најде од 7€ до 13€ (во Венеција). Пробајте и домашно вино или коктелот шприц-аперол (аперол мешан со пенливо вино, 3,5-4€). Ако седнете во ресторан, сметајте и дека ќе ви наплатат пресметан бакшиш (service fee) од околу 2€ по човек.

Ел Мундо Ви стои секогаш на располагање за убава прошетка низ Венеција. Во било кое време да ја посетите – нема да зажалите. Имено, градот Венеција е дел од Крстарењето кое тргнува од Дубровник и продолжува низ Медитеранот. Уживајте и во следното видео кое ја прикажува Венеција од еден поинаков агол…

Categories: Европа | Tags: , , , , , , , , | Leave a comment

И нашиот пат води кон Рим…

Ватикан - Ел Мундо

Ватикан – Ел Мундо

Веројатно знаете дека сите патишта водат кон Рим, но ова е за сите оние кои сакаат да го видат РИМ за време на нова година…

Да се посети домот на Папата, да се види седиштето на Римската католичка црква. Ова не е предизвик само за католиците. Ова е желба и доживување за христијаните, за муслиманите, за будистите, за атеистите. Ватиканскиот град, најмалата независна држава во светот, која има површна од само 44 хектари, е една од најпосетуваните земји во светот. Редици од луѓе и зиме и лете чекаат по цел ден за да влезат во базиликата на Свети Петар, да го видат Ватиканскиот музеј.
Редицата и целодневното стоење пред поритите на Базиликата нема ни да ги почувствувате. Мирот кој ви го дава прекрасниот Св. Петров плоштад во самиот Ватикан ве остава без здив. Ги гледате прозорците од одаите на 890 жители кои живеат во внатрешноста на ватиканските ѕидини. Граѓаните на Ватикан се обично клерици, високи службеници, монаси како и Швајцарската гарда која е доброволна воена организација и која го обезбедува Ватикан. Средбата со папата не е едноставна. Доколку добиете можност да се поздравите со Бенедикт 16, ќе треба да внимавите на својот изглед. Долго црно здолжниште, задолжително покриени колена, покриени раце, црна марама преку глава за женските, црн костум, бела кошула и црна кравата за мажите е гардеробата која треба да ја имате за да можете да се видете со поглаварот на Римокатоличката црква.
Посетата на Светиот град е само една од атракциите кои можете да ги видете кога ќе отидете во Рим. Кога ќе ја напуштите најмалата држава, која се наоѓа на само неколку метра од реката Тибир, влегувате во италијанскиот свет. Влегувате во светот каде не можете да оддолеете на кафето кое поинаку мириса, на вистинската пица, на разновидните пасти. И нема да ви биде проблем да го испразните џебот дозволувајќи си еден добар италијански ручек во некое од скромно уредените ресторани, поставени на самите улици, каде поминуваа топлата луѓе, уличните свирачи, продавачите на црвени рози…

 Fontana di Trevi - Ел Мундо

Fontana di Trevi – Ел Мундо

Фонтаната која ги исполнува сите желби

Можеби фонтаната Треви – Фонтана ди Треви е местото каде сите сакаат да отидат, да фрлат паричка и да замислат желба. Постои легенда дека носи среќа да се фрлат парички со десната река преку левото рамо во фонтаната Треви. Луѓето замислуваат секакви желби, но римјаните велат дека фрлање на една паричка повторно ќе се вратите во Рим, две парички значат дека ќе се вљубите во убава римјанка, односно римјанец, а со фрлање на три парички ќе се осигурате дека ќе останете со личноста во која ќе се вљубите. Најголемата и најамбициозната Барокна фонтана во Рим е висока 85 стапки и широка 65 стапки. Таа се наоѓала на раскрсницата на три пата, и означува крајна точка на Ацљуа Вергине, еден од најстарите аквадукти кои го снабдувале Рим со вода.

Борба на гладијаторите

Иако зачудувачки, најромантичното место е Колосеумот, едно од седумте светски чуда на светот. Сите млади брачни парови се тука. Не може да помине ниту една венчавка во Рим без фотографија на која во заднина се гледа Флавијански амфитеатар. Редица луѓе од цел свет чекаат да влезат во најголемиот амфитеатар во Рим и во светот, кој досега сигурно го виделе во некои филмски сцени, снимени токму тука. Колосеумот бил изграден од императорот Веспасијан, а во него се одржувале гладијаторски борби и борби помеѓу животни. Собирал до 50.000 гледачи. Денес за Италијанците е предизвик да ги посетуваат школите за гладијатори. Стотици Италијанци и Италијанки веќе успеале да добијат статус на гладијатори, а талентираните поединци стануваат дури “доктори” Рамбовци на античкиот Рим, кои ги тренираат идните гладијатори. Доколку имате среќа да се погодите во право време на право место ќе можете да присуствувате на големи спектакли со турнири и борби на сцена на историските локации во и околу Рим, организирани од елитата.

Шпанските скали - Ел Мундо

Шпанските скали – Ел Мундо


Шпански скали, Пјаца Венеција….

И тука ништо не завршува. Едноставно почнува. Ви остануваат прекрасната Пјаца Навона (Пиазза Навона), Пјаца Венеција (Пиазза Венезиа) која сигурно ќе ве остави без здив, или Шпанскиот плоштад (Пиазза ди Спагна). Ќе уживате додека бесцелно талкате долж легендарната Виа Венето носени од сеќавањата на Слаткиот живот на Фелини. Едноставно ви се јавува желба да видите и да доживеете се во еден ден. Но, едноставно не можете. И можеби ќе ви помогне организираниот туристички разглед, а легендарниот Рим, но верувајте одејќи пешки по италијанските улици, ќе го осетите духот на Рим, ќе дишете со градот, ќе почувствувате една поинаква енергија. Извонреден сплет на улици и улички што ги поврзуваат култните плоштади, со многубројни фонтани и цркви. А доколку сте пропуштиле да седнете на Шпанските скали, вратете се повторно во Рим. Толпата туристи од тука продолжува кон Тринита деи Монти.
Света Марија Маѓоре (Санта Мариа д’Арацоели) , Форум (Форум Роме), Храм на Веста (Темпле оф Веста), капијата на Титус (Арцх оф Титус) , куќата на Весталките (Хоусе оф тхе Вестал Виргинс), Сатурновиот Храм (Темпле оф Сатурн), тврдината Свети Ангело (Саинт Ангело Цастле) со преубавиот мост што го носи истото име… Сите патишта водат во Рим…

Ел Мундо Ве поканува на новогодишно патување во Рим…Ваше е да уживате во градот на Цезар, а наше е целото патување да биде супер организирано. Нашите патници и клиенти го заслужуваат најсупериорното, бидејќи Вашето задоволство е наша мотивација за работа.
Погледнете ја целосната понуда за Рим од Ел Мундо.

Categories: Нова Година | Tags: , , , , , , | Leave a comment

Тој што не патува, не ја знае вредноста на животот… Нова страница наречена МИЛАНО

Милано во зима

Милано во зима

Град кој лежи под Алпите. Основан од Етрурците во 600 година пред нашата ера, а освоен од Римјаните 222 година од нашата ера, Милано е повеќе од само главен град на Ломбардија. Тој е вториот град по големина по Рим, и претставува еден од водечките светски деловни, културни и економски центри. Неколку светски историски градби се наоѓаат во самиот центар.

Милано е град кој целиот пулсира од возбудувања, а продавниците и облакодерите му даваат единствена фасцинација. Неговиот најголем и, според некои, веќе надминат ривал е Париз.Милано е главниот град на регионот Ломбардија, втор по големина и еден од најважните градови во Италија. Потесниот град има околу 1.321.113 жители, а со околината е проценета на 4.280.820 жители на површина од 1.980 км², и е еден од најразвиените центри во Европа.

Во центарот на градот се наоѓаат импресивни објекти поради кои многу луѓе од светот доаѓаат да ги видат, во една смисла, Милано претставува магнет за дизајнери, архитекти, бизнисмени, мода, фотогографи, модели. Ако Рим ја претставува „старата Италија“, Милано ја презентира „новата“. Космополитски град, најмодерен од сите италијански градови, каде и атмосферата е поинаква во секаква смисла. Турбо активен живот, преполните улици, густиот сообраќај, метроата, ексклузивните излози… Кога ќе се спомене Милано, веднаш се помислува на миланската Катедрала, миланската опера Скала, гламурозниот трговски центар Виктор Емануел, замокот Сфорца, црквата Санта Мариа де ла Грацие, стадионот Сан Сиро, кулата Пирели, уметничката галерија Брера, популарната модна улица Монте Наполеоне…

Програмата која Ел Мундо Ви ја предложува од 7 Декември до 10 Декември е следна:

 

Милано

Милано

07. Декември (Петок) СКОПЈЕ – МИЛАНО
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 05.00 часот. Авионот за Милано полетува во 06.00, слетува во Милано во 07.55 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот. Сместување. Патувањето продолжува со запознавање на елитниот Милано, еден од најразвиените урбани центри во Европа, центар на модата, град кој се носи близу до Њујорк и Париз. Разглед на модната престолнина, оперската миланска куќа Скала, Galleria Vittorio Emanuele која ги поврзува катедралата Дуомо и црквата Santa Maria delle Grazie. Слободно време за индивидуални прошетки, вкусување на некој италијански специјалитет. Ноќевање.
08. Декември (Сабота) МИЛАНО
Појадок. По појадокот, “утринско шопингување” во најпознатите центри во Милано. Почувствувајте ја највисоката мода во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, изградена во период 1865-1867 година, импресивна градба, фасада со царски лик, а, внатрешноста плени со толку многу луксуз и детали за восхит. Во средината на Галеријата е поставен октагон кој покажува различни мозаици: симболите на Рим, Фиренца, Венеција и Торино (традицијата вели дека ако едно лице ја стави петата на гениталиите на бикот и се свти во круг три пати, ова ќе му донесе среќа). Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу него се мозаици од четири континенти Европа, Африка, Азија и Америка. Слободно време за прошетка низ Галеријата, место каде може да уживате и во прекрасните ресторани, бидејки Галеријата важи за место каде луѓето се состануваат на ручек. Враќање во хотел. Ноќевање.
09. Декември (Недела) МИЛАНО
Појадок. Можност да се почуствува атмосферата на миланските кафулиња во неделното утро, со “вистинско” италијанско кафе. Организирана прошетка низ центарот на Милано, препорачуваме посета на Замокот Сфорцеско и неговите преубави градини. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
10. Декември (Понеделник) МИЛАНО – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот. Авионот за Скопје полетува во 08.40, пристигнување во Скопје во 10.35 часот на аеродромот Александар Велики.

Categories: Uncategorized | Tags: , , , , , , , , | Leave a comment

Create a free website or blog at WordPress.com.