Posts Tagged With: avionski bileti

Тој што не патува, не ја знае вредноста на животот… Нова страница наречена МИЛАНО

Милано во зима

Милано во зима

Град кој лежи под Алпите. Основан од Етрурците во 600 година пред нашата ера, а освоен од Римјаните 222 година од нашата ера, Милано е повеќе од само главен град на Ломбардија. Тој е вториот град по големина по Рим, и претставува еден од водечките светски деловни, културни и економски центри. Неколку светски историски градби се наоѓаат во самиот центар.

Милано е град кој целиот пулсира од возбудувања, а продавниците и облакодерите му даваат единствена фасцинација. Неговиот најголем и, според некои, веќе надминат ривал е Париз.Милано е главниот град на регионот Ломбардија, втор по големина и еден од најважните градови во Италија. Потесниот град има околу 1.321.113 жители, а со околината е проценета на 4.280.820 жители на површина од 1.980 км², и е еден од најразвиените центри во Европа.

Во центарот на градот се наоѓаат импресивни објекти поради кои многу луѓе од светот доаѓаат да ги видат, во една смисла, Милано претставува магнет за дизајнери, архитекти, бизнисмени, мода, фотогографи, модели. Ако Рим ја претставува „старата Италија“, Милано ја презентира „новата“. Космополитски град, најмодерен од сите италијански градови, каде и атмосферата е поинаква во секаква смисла. Турбо активен живот, преполните улици, густиот сообраќај, метроата, ексклузивните излози… Кога ќе се спомене Милано, веднаш се помислува на миланската Катедрала, миланската опера Скала, гламурозниот трговски центар Виктор Емануел, замокот Сфорца, црквата Санта Мариа де ла Грацие, стадионот Сан Сиро, кулата Пирели, уметничката галерија Брера, популарната модна улица Монте Наполеоне…

Програмата која Ел Мундо Ви ја предложува од 7 Декември до 10 Декември е следна:

 

Милано

Милано

07. Декември (Петок) СКОПЈЕ – МИЛАНО
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 05.00 часот. Авионот за Милано полетува во 06.00, слетува во Милано во 07.55 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот. Сместување. Патувањето продолжува со запознавање на елитниот Милано, еден од најразвиените урбани центри во Европа, центар на модата, град кој се носи близу до Њујорк и Париз. Разглед на модната престолнина, оперската миланска куќа Скала, Galleria Vittorio Emanuele која ги поврзува катедралата Дуомо и црквата Santa Maria delle Grazie. Слободно време за индивидуални прошетки, вкусување на некој италијански специјалитет. Ноќевање.
08. Декември (Сабота) МИЛАНО
Појадок. По појадокот, “утринско шопингување” во најпознатите центри во Милано. Почувствувајте ја највисоката мода во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, изградена во период 1865-1867 година, импресивна градба, фасада со царски лик, а, внатрешноста плени со толку многу луксуз и детали за восхит. Во средината на Галеријата е поставен октагон кој покажува различни мозаици: симболите на Рим, Фиренца, Венеција и Торино (традицијата вели дека ако едно лице ја стави петата на гениталиите на бикот и се свти во круг три пати, ова ќе му донесе среќа). Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу него се мозаици од четири континенти Европа, Африка, Азија и Америка. Слободно време за прошетка низ Галеријата, место каде може да уживате и во прекрасните ресторани, бидејки Галеријата важи за место каде луѓето се состануваат на ручек. Враќање во хотел. Ноќевање.
09. Декември (Недела) МИЛАНО
Појадок. Можност да се почуствува атмосферата на миланските кафулиња во неделното утро, со “вистинско” италијанско кафе. Организирана прошетка низ центарот на Милано, препорачуваме посета на Замокот Сфорцеско и неговите преубави градини. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
10. Декември (Понеделник) МИЛАНО – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот. Авионот за Скопје полетува во 08.40, пристигнување во Скопје во 10.35 часот на аеродромот Александар Велики.

Categories: Uncategorized | Tags: , , , , , , , , | Leave a comment

Blog at WordPress.com.