Корчула – родното место на Оливер Драгојевиќ

Ел Мундо ве води во Корчула

Ел Мундо ве води во Корчула

Корчула е остров во хрватскиот дел од Јадранското Море, поточно се наоѓа во Дубровачко-неретванската жупанија. За да стигнеш на Корчула со автомобил треба да возиш до Дубровник и уште посеверно да се исклучиш за полуостровот Пељешец. Се вози цел Пељешец и на крајот во местото Оребичи се фаќа траект (го има на секој час), и за помалку од половина час се пристигнува на островот. На островот Корчула има два поголеми града: градот Корчула и градот Вела Лука. Градот Корчула гледа кон исток односно кон копно, а Вела Лука гледа кон отворено море т.е. кон запад. Гратчињата се оддалечени меѓусебно осумдесетина километри колку што е и должината на островот. Сите останати места како Рачишче, Лумбарда, Завалатица, Пупнат, Блато, Жрново и останати се помали места во кои жителите претежно се занимаваат со туризам, рибарење, лозарство и винарство.
 Островот Корчула е познат по уникатните плажи, по оригиналниот бренд на вино Грк, по родното место на Марко Поло и по родното место на Оливер Драгојевиќ. Лумбарда е позната по песочните плажи (кои се реткост на хрватското приморје) Билин Жал и Пржина. За да се стигне до било која од овие прекрасни плажи се вози низ виногради и просто е неверојатно дека позади нив се наоѓа тиркизно море.
Крајбрежјето на Корчула ги мами и вљубениците на нуркањето.Велат дека глетката под вода е волшебна: морски ѕвезди и ежови во разни бои. А водата беше прекрасна и за нуркачите ама и за нас бањачите. Особено во помалите заливчиња на јужната страна од островот. Тука се наоѓа една од попознатите плажи Пупнатска Лука која и Гардијан ја прогласи за една од топ 20 плажи во Европа (http://www.korculainfo.com/blog/index.php/beach-beauty-pupnatska-luka-beach-in-the-guardian/). Нам особено драга ни беше една плажичка што се вика Бачва исто така на систем – мало заливче. Ај што беше морето фантазија, туку што имаше едно кафанче кое служеше колбавчиња или морски ежови по избор со домашно бело вино. А на плажата се на се да имаше триесетина луѓе и чувството ни беше како оваа да е само наша плажа – тајно место; неоптеретена од луѓе, неурбанизирана, дива…
Луѓето што живеат на Корчула, и барем тие што ние имавме шанса да ги запознаеме, се многу ведри, гостопримливи, позитивни и добро расположени. А како не би биле кога секојдневно ги опкружува видикот на тиркизно море. Цените во рестораните па и во маркетите се некаде околу триесетина проценти повисоки од скопските, што и не е така страшно имајќи предвид дека се работи за остров и туристичка атракција. Многу се вреднуваат кај нив работи за кои треба физичка снага или домашна изработка. На пример, плативме миење кола 1000 денари а домашно маслиново масло е секаде 800 денари од литар.
Многу од туристите воопшто и не ги возеа нивните автомобили зашто островот е рај за велосипедисти. Секаде е означено со посебни велосипедски патеки и многу од гостите доаѓаат со натоварени велосипеди на автомобилите и функционираат цело време на островот само на велосипед.  По велосипедските форуми на Интернет Корчула е исто така високо котирана туристичка дестинација.
Во Вела Лука бевме на еднодневен излет. Тоа е родното место на пеачот Оливер Драгојевиќ. Исто така туристички доста посетено, најмногу од туристи од Скандинавските земји. Шеталиштето покрај морето е повеќе од опуштачко а малите бротчиња тука закотвени ти прават чувство како да си во слика на Моне.
Корчула е за мене повеќе од туризам. Таа е место кое нема да те остави рамнодушен и на нејзин магичен начин ќе те надахне. Бидејќи е оддалечена 10 часа возење од Скопје вреди да се остане подолго (минимум десет дена). Погледнете ја нашата понуда тука.
Advertisements
Categories: Европа, Ел Мундо, Лето, Хрватска | Tags: , , , , , , , , , , , , | Leave a comment

Бодрум – едноставно еднаш во животот мора да го посетите!

Бодрум со Ел Мудно

Бодрум со Ел Мудно

Бодрум е многу популарно турско летувалиште на брегот на егејското море, сместен измеѓу Кушадаси и Мармарис.Во античка грција бил познат бил познат како Халикарнас, а во средниот век како Петрониум. Се наоѓа на полуостровот Бодрум, во близина на северозападниот влез на заливот наспроти грчкиот остров Кос. Денес е познат туристички и ’јахтинг‘ центар.

Она со кое посебно се истакнува овој прекрасен, стар град е специфичната архитектура , таканаречена „Бодрумски стил“, која е карактеристична по тоа што сите објекти мораат да бидат во бела боја, на максимум два ката.

Бодрум е надалеку познат и по богатиот ноќен живот, со двете најпосетени дискотеки на турското приморје. Една од нив е „Халикарнас“, која се наоѓа на отворено и има поглед на дворецот Свети Петар. Може да прими 5 000 посетители, кои во раните утрински часови го дочекуваат изгревот на сонцето, надополнет со спектакуларно light show. Другата е „Катамаран“,кој претставува пловечки ноќен клуб, кој што е уште една атракција во локалниот ноќен живот. Овде настапуваат познати забавувачи и од турската и од светската естрада, нудејќи им извонредно задоволство на сите што се склони кон незаборавен провод, игри и музика до зори.

Секоја година Бодрум го посетуваат неколку стотина илјади туристи. На самиот влез во преубавиот син залив каде што се среќаваат Егејското и Средоземното море, се дига импресивната средновековна тврдина на Свети Петар, која ја имаат подигнато витезите од Родос. Денес претставува музеј на подводна археологија со ископини кои датираат уште од Бронзената ера. Во овој град во IV-от век пред новата ера е погребан кралот Кариј Мавзолеј, по кого што сите големи гробници се нарекуваат – Мавзолеј. Тоа е едно од седумте светски чуда на старата ера, кој што одолевал се до 15-ти век, кога витезите на Свети Јован од Малта го уништиле, земајќи ги од него камењата за изградба на тврдината на Свети Петар. Оваа област била извор на митови и легенди низ многу векови кои денес се овековечени во храмовите, амфитеатрите и гробниците.

Бодрум е едно од најпосетените туристички места во Турција. Шармантните и мали работилници по тесните улици нудат секаква врста на роба – од ќилими и теписи, предмети од кожа, накит, везени рачни изработки, природни сунѓери, па сé до предмети од локалното сино стакло. Тоа е центар на уметнички колонии, што може да се види по многубројните галерии и боемската атмосфера што владее. Од кафулињата, рестораните, баровите, кабарињата, ноќните клубови и дискотеки се слушаат последните светски музички хитови, но и џез, како и избрана, фолклорна турска музика. Продавниците се отворени до касно во ноќта, а ноќниот живот трае до првите утрински часови. Превозот од местото на престој до центарот на градот или плажата, го има во секое време и се одвива со мини бус, кој овде се нарекува „долмуш“.

Ел Мудно ве води во Бодрум

Ел Мудно ве води во Бодрум

Плажата Гумбет се наоѓа веднаш до Бодрум, на околу 3 километри од центарот и комплетно е опремена со чадори за од сонце и лежалки, а нуди забава и преку ден и преку ноќ. Гумбет е песочна плажа со постепен влез во плиткото море, па е погодна за семејства со мали деца, но исто така е интересна и за младите и сите останати, затоа што кафулињата и рестораните се наоѓаат по должината на целиот брег. Плажава е подеднакво привлечна и за спортски активности и за забава во вода.

Па така, доколку се решите летово одморот да го поминете во Бодрум, можете да бидете сигурни дека нема да погрешите. Погледнете ја нашата понуда тука.

Categories: Ел Мундо, Лето, Турција | Tags: , , , , , , , , | Leave a comment

Ел Мундо ви го прикажува Амстердам од едно поинакво светло

Ел Мундо ве води во Аместердам

Ел Мундо ве води во Аместердам

Ретки се оние градови каде речиси попловина од резидентите се странци. Амстердам, со својата убавина но пред се космополитска и мнооогу опуштена атмосфера претстваува омилен град на луѓе од сите страни на светот. Речиси секој зборува англиски, има преубава архитектура, центар на мал милион случувања, фестивали и концерти, ресторани од сите можни кујни, забави за сечиј вкус во тек на цела недела и слобода да се искуси речиси ама баш се што ти душа сака. Го препорачувамe Амстердам на сите оние кои се доволно отворени да искусат што навистина значи слобода да се биде; слобода на креативен израз; слобода на забава до бескрај; слобода на сексуалност и експериментирање со различни супстанции =)

Кога си во Амстердам: посети го во пролет, крај на март и почеток на април, за најголемиот холански празник Queen’s/King’s day и кога цветаат лалињата, или, во лето за време на геј парадата и фастивалската сезона.  Изнајмете велосипед, и појди низ каналите и парковите доколку времето е сончево. Доколку врне, истражи ги музеите – Рајкс, Ван Гог, Рембрандт итн.

На свој ризик, имаш можност да ја пробаш марихуаната од локалниот кофи шоп или доколку не си пушач да пробаш од магичните торти. Во т.н. смарт шопови се наоѓаат и други лесни дроги кои се се исто така легални.  Внимавај да не претераш!

Навечер имаш неверојатен избор на забава по амстердамските барови и клубови, дј-и, концерти итн. Еден од најкултните клубови се вика Парадизо, кој претавува катедрала трансформирана во диско. За подобрите концерти, треба да се купи влезница бајаги однапред.

Ел Мундо ве води во Аместердам

Ел Мундо ве води во Аместердам

И секако, познатата црвена зона (Red Light District), која е посебно интересна за припадниците на машката популација. Таму имаш избор на девојки од целиот свет кои нудат сексуални услуги, најразлични секс перформанси и продавници со гаџети кои не можеш да поверуваш дека постојат за да задоволат сечиј сексуален стил и апетит.

Одлична прилика да го посетиш со Ел Мундо за 8ми март!

Добар провод!

Categories: Европа, Ел Мундо | Tags: , , , , , , , , , , | Leave a comment

Португалија – дестинација за сите сетила

Ел Мундо ве носи во Португалија

Ел Мундо ве носи во Португалија

Лисабон е познат по возбудливиот ноќен живот; Порто по прекрасната архитектура; Алентежо по археолошките локалитети; Алгарве по крајбрежните летувалишта, а Мадеира по пријатната клима. Португалија, земјата за сите сетила и романтични надежи е една од најатрактивните европски дестинации.

Лисабон: Градот на седум брда – Португалската престолнина според мислењето на светските патници е еден од најубавите градови во светот, смесен на седум брда, со тоа што целиот град е со скали, а неговата обиколка е помалку напорна. Центарот е поплочен со калдрма, а посебен шмек се трамваите кои минуваат низ тесните улички. Центарот и пешачката зона Август се една од најголемите атракции, а тука е и местото Белем, од кое тргнал Васко де Гама на експедиција кон Индија. Тука е и манастирот Св.Жеронимо во кој е погребан Васко де Гама, а на реката Тежо е сместена тврдината Торе де Белем, од каде има прекрасен поглед кон градот. Во квартот Баиша Шадо, долж реката Тежо има многубројни ресторани, пабови и дискотеки. Особено доживување е традиционалната фадо-музика која е карактеристичка по меланхоличните тонови.

Ел Мундо ве носи во Португалија

Ел Мундо ве носи во Португалија

Порто: Боженствена лулка – На северот од земјата е Порто, чиј центар е под заштита на УНЕСКО. Најпознати зданија се катедралата, црквата Св.Франциска и малата црква Седоифеита, една од најстарите во градот. Прошетајте се низ брегот каде што ќе наидете на рибарските квартови. Овој град е и познат по своето вино, кој е најважниот извозен производ од Португалија. Како атракција на Порто се вбројуваат и долината на реката Доуро, засадена со винореди, како и праисториските цртежи во локалните пештери, средновековните цркви, тврдини и барокните вили од 17 век.

Алгарве: Бајковити плажи – Најјужниот дел од Португалија богат со исклучителни плажи, сончеви зраци и чиста вода. Туристички центри се Албуфериа, Лагос и Праиа да Роша. Блага клима, ниски цени, богата кулинарска понуда. Дел од Португалија кој Маврите последен го освоиле, но нивните влијанија се забележуваат во стилот на градењето на куќите.

Мадеира: Островот на пролетта – Се наоѓа на средина на Атлантскиот океан паралелно со мароканскиот град Казабланка. Во 19 век била омилено место на европската аристократија. Температурата никогаш не преминува 30 степени, така да овој остров е место за вечна пролет. Вулканските глетки и плодната почва на која успеваат банани и разни видови грозје се едни од многуте белези на Мадеира. Најголем град е Фуншал, сместен во мирниот залив во подножјето на планината до кој може да се дојде со жичарница. Прва асоцијација за Мадеира се разновидните цвеќиња, тропското овошје, одличното вино, топлата вода, луксузните хотели и богатата културна понуда.

Ел Мундо креираше за вас неверојатна понуда каде што може да уживате во Португалија. Понудата може да ја видите овде.

Categories: Европа, Ел Мундо | Tags: , , , , , , , , , , , | Leave a comment

Крстарење по Кариби – песочни плажи како шеќер и тиркизна вода како од бајките

ГРУПНО КРСТАРЕЊЕ ПО КАРИБИТЕ - Ел Мундо

ГРУПНО КРСТАРЕЊЕ ПО КАРИБИТЕ – Ел Мундо

Семејствата денес настојуваат одмор кои се прилагодени за целото семејство, вклучувајќи ги и децата. Крстарењата обично нудат и организирање на забавни и едукативни активности кои се опремени за тинејџерите, мали деца, па дури и бебиња на нивните бродови. Авантуристички активности како качување по ѕид, лизгалици и океан – авантури се дел од изборот на активности организирани од страна на MSC DIVINA во сите негови патувања за уживањето на своите гости.
Ова долго време на пловидбата на оваа линија е основана во 1968 година и веќе е најавена како еден од најдобрите крстарење линии во Америка.Тие се фокусираат на тоа никогаш да не заврши потрагата за иновации и дека токму ова крстарење е од нивните соништа

ГРУПНО КРСТАРЕЊЕ ПО КАРИБИТЕ

ГРУПНО КРСТАРЕЊЕ ПО КАРИБИТЕ

Перфекција во крстарењето по Кариби
МСЦ ДИВИНА е еден од најлуксузните бродови од флотата и пловењето по водите на Карибите и е добро познат на целиот екипаж кој овозможува да има врвен квалитет на услугите. Во текот на крстарењето се истражуваат многу острови околу Кариби дури дестинации кои ќе ве остават без зборови. Храната  и забавата никогаш не е проблем на бродот, изобилство на ресторани и места за јадење кои имаат вкусен оброк и кулинарски креации поврзан со бескраен активности наменети за патниците да се елиминира нивната здодевност.Замислете си препуштање во идиличен остров, одморате и  уживате во песочни плажи како шеќер, тиркизна вода и возбудливи активности кои се скроени токму за вас.

Карибите претставуваат регион на Америка кој се состои од Карипското Море, неговите острови (7000 острови, островчиња, атоли и гребени), и околните брегови.Регионот се наоѓа југоисточно од Северна Америка, источно од Централна Америка, и на север и запад од Јужна Америка.

El Mundo ви подготви листа на интересни факти поврзани со Карибите кои можеби не сте ги знеле:

Еве неколку интересни факти за нив:

ГРУПНО КРСТАРЕЊЕ ПО КАРИБИТЕ

ГРУПНО КРСТАРЕЊЕ ПО КАРИБИТЕ

1. Џејмс Бонд ги обожува Карибите. Овде биле снимани повеќе филмови за тајниот агент 007: D-r. No (Јамајка), Thunderball (Бахамите), Live and Let Die (Јамајка), Golden Eye (Порторико), и Casino Royale (Бахамите). Шон Конери, првиот Бонд, живее на Бахамите.

2. Еден познат и специфичен деликатес на островите има вкус на печена кокошка, а всушност е еден вид на жаба која ја има само овде. Има невообичаено многу големи (и вкусни) нозе.

3. На островите има најмалку 12 различни видови на манго кои се продаваат на светскиот пазар.

4. Многу артисти напишале песни за прекрасните Карипски острови. Како не би, кога таму е како во рајот. Еве кој се’ се инспирирале на островите и кои песни ги напишале: „Montego Bay“ (Bobbly Bloom), „Kokomo“ (The Beach Boys), „April sun in Cuba“ (Dragon), „Dreadlock holiday“ (10cc), „Barbados“ (The Models), „Caribbean Queen“ (Били Оушн).

5. Има околу 35 видови на јастози кои потекнуваат од седум различни семејства и сите живеат во Карипското Море.

6. Ријана потекнува од Барбадос, еден од Карипските острови.

7. Од сите региони во светот, источните Карипски острови нудат најголем избор за крстарење. Речиси секоја линија за крстарење, долга или кратка, нуди некаква разлика во однос на другата маршута. За таа цел Ел Мундо ви ја подготви најубавата линија на крстарење! Погледнете ја целосната програма овде

Categories: Далечни дестинации, крстарења | Tags: , , , , , , | Leave a comment

Дестинација за продолжен одмор – Дубровник – Хрватска

Ел Мундо ви го прикажува Дубровник

Ел Мундо ви го прикажува Дубровник

Доколку сакате да одите во Хрватска, најпрво заборавете на вашата официјална облека и на сето она во што нема да се чувствувате – опуштено. Бидејќи во Хрватска се е така опуштено, стокмено и преубаво што вам ви се доволни само очилата, шорцевите и згодни сандали или папучи.

Грците, Римјаните, Словените, Турците, Французите, Венецијанците и Австријците  во текот на историјата го претвориле ова место во едно прекрасно парче земја, пребогато со историја и култура, која што денес зрачи со својата посебна хрватска традиција.

Станува збор за земја која што до пред нешто повеќе од десетина години беше во жестока војна, војна во која Хрватска се бореше за независност и отцепување од бившата Југославија, нешто на кое што повеќето од нас многу добро се сеќаваат. Но, градот Дубровник, кој тогаш беше шест месеца под опсада и гранатиран за целото време, сега е толку разубавен и е под закрилата на UNESCO што нема ниту еден траг по кој што би можеле да речете дека тука некогаш имало војна. Преубави луѓе, преубава околина, преубави џез звуци… едноставно, место од кое никако не сакате да се одалечите.

 

Ел Мундо ви го прикажува Дубровник

Ел Мундо ви го прикажува Дубровник

Каде да јадете

Ве советуваме да ги посетите баровите Буџа или Eastweast Beach Club каде можете да уживате во пијачката и да му се воодушевувате на преубавото море. Доколку вашето стомаче е заинтересирано за добар ручек, тогаш тоа можете да го направите во Gil’s Cuisine and Pop Lounge или Nautika Restaurant.

Каде да купувате

Хрватска е позната по квалитетот на накитот, па така би било пожелно да ја посетите продавницата „Clara Stones“ во која што можете да најдете преубави корали и сребрен накит.

Што да правите

Што се однесува до ова поглавје, тоа му го оставаме на вашиот преценет карактер, бидејќи во Хрватска имате толку многу што да правите, што навистина не би знаеле од каде да почнеме. Но, за почеток ве советуваме да прочитате нешто за нивната историја, култура и традиција.. можеби од таму ќе се роди и некоја нова идеја за она што сакате да го правите.

 

Categories: Европа, Ел Мундо, Лето | Leave a comment

КРСТАРЕЊА – СОН НА СЕКОЈ ПАТНИК (дел 2)

Групно крстарење со Ел Мундо

Групно крстарење со Ел Мундо

Крстосувањата нудат можност да се посетат најубавите локации, да се плови по светските мориња на бродови каде што се можни секаков вид забава и релаксација. Има нешто особено возбудливо кога помислуваме на долг годишен одмор на палубите на луксузен брод, крстарејќи по светските мориња каде секој вид забава и релаксација е возможна. Базени, спа центри, шопинг делови, ресторани со неколку мишелинови ѕвездички, ноќни програми, кабареа и концерти…

Цел свет сместен на неколку спрата па уште и плови по дестинации кои ги гледаме на кабловските програми! Би сакале да ве приближиме на патувања со стил кои служат да ги придобијат човековите сетила за да овозможат што поголемо ужиување. Пречекорувајќи два различни краеви од светот, патувајќи од стариот континент до новиот, крстарењата нудат можност да се посетат најубавите локации во Европа, да се ужива во морскиот воздух и мирис, и да се види дивиот, шаренолик карипски свет. Доколку на ум имате трансатлантско искуство кое ја пренесува атмосферата од двадесеттите години на минатиот век, тогаш почувствувајте се како финансиски големец кој го започнува својот бизнис во Бразил на бродовите МСЦ Армонија, МСЦ Симфоија и МСЦ Музика, истражувајќи ја историјата и културата на различни народи од јужноамериканскиот континент. Или пак повеќе ве влече црниот континент, природата и традицијата на тамошните магични земји? Посетете ги далечните земји и почувствувајте го возбодувањето на вистинското сафари и одлучете се на крстарење помеѓу Европа и Јужна Африка на бродот МСЦ Мелоди. Карибите, Австралија и Океанија, Јужна Америка, Северна Африка, Медитеран – едноставно нема дестинација која не е освоена и не спаѓа во програмата на крстачките брдови. Едноставно си ја одбирате дестинацијата и се качувате на палуба. Прочитајте..

Групно крстарење со Ел Мундо

Групно крстарење со Ел Мундо

ТЕМАТСКИ КРСТАРЕЊА

 Во последно време, одмор поминат на крстаречки брод станува се популарен начин на летување, а и самите крстачи стануваат финансиски достапни за што поголем број луѓе.  Ваквиот вид крстарење овозможува уживање во вашето омилено хоби како и шанса да се научат нови вештини. Задоволувајќи дузина теми како музика, танц, тетарски работилници и комедија, сликање, фотографија, престојот на бродот сигурно ќе ви остане врежан во сеќавањето. На тематските крстарења обично се повикуваат и различни гости-предавачи, во зависнот од полето кое ве интересира. На брод со 3000 патници лесно за запознаваат нови и интересни луѓе, а ова е уште повеќе олеснато со идејата дека сите го делат истото хоби.  За оние во подоцните години можеби одлична идеја да го поминат одморот на брод играјќи бриџ! Според организаторите на ваквите патувања, бриџот е најпопуларна игра со карти во светот и може да се игра на секоја возраст. Потоа, тука се и танцувачките крстарења кои се едни од најпопуларните! Линиите кои ги организираат МСЦ и Коста ги нудат овој тип програми кои вклучуваат професионални часови но и приватни работлници. Покрај споменатитие, постојат и крстарења кои се посветуваат на музика, уметност и театар, на готвење, на професионално гнурење…

Групно крстарење со Ел Мундо

Групно крстарење со Ел Мундо

ЛУКСУЗ

Крстарењата се секогаш поврзани со луксуз и беспрекорна услуга, со удоволување на каприците на секој патник, и со неверојатни технолошки достигнувања и нивно користење во името на високата класа. Резервирањето место на крстарење е првиот чекор во остварувањето на соништата. Лускузните крстарења нудат ентериер кој наликува на палата, беспрекорни ресторани и цел тон ексклузивни искуства и активности скроени по личниот вкус. И не заборавајте, луксузно крстарење е можеби еден од најубавите начини да го видите светот. На ваков тип одмор се разбира дека ќе го очекувате само најдоброто: од елегантни вечери до велнес услуги и тинтарење, од секаков вид активности во текот на денот, до загарантирана забава во текот на ноќта.

Се’ во врска со луксузните крстарења е поврзано со ексклузивитетот – храната ја подготвуваат прочуени готвачи, вината се секогаш внимателно одбирани, како и елегантниот амбиент во рестораните. А потоа, тука е секогаш можноста за одење на излет со помал брод или глисер кој поради големината има пристап на најневообичените места и заливи. Ова значи дека и покрај неодминливите Монте Карло или Сент Бартс, на располагање ви се и приватни доживувања на необични места.

Иако цената на овие крстарења може да биде многу релативн работа, сепак, ваквиот одмор е исплатлив. Без разлика дали ќе одберете помал брод или мега крузер, во принцип, сите услуги кои ги добивате се вклучени во цената, што значи дека нема ди ви наплатат ниту за пијалокот, ниту за одбраниот излет.
Ел Мундо организира едно од најубавите крстарења кое започнува на 22.09.2013, а трае до 1.10.2013. Погледнете го најубавото крстарење на Ел Мундо.

Categories: Европа, Ел Мундо, Лето, крстарења | Tags: , , , , , , , , | Leave a comment

Островот на вљубените – хит во летната понуда на Ел Мундо

Санторини со Ел Мундо

Санторини со Ел Мундо

Сместен во Јужното Егејско море, овој вулкански остров со својата топла клима и преубав поглед кој се простира се до морското синило, привекува бројни туристи од целиот свет.

Неговата спектакуларна убавина, заедно со динамичниот ноќен живот, го прават островот една од главните туристички точки на Европа.

Фира, главниот град, се наоѓа на врвот на еден рид. Оддалеку, изгледа како планината да е прекриена со снег, но ако погледете одблизу таа е, всушност, прекирена со бели и пастелни куќи.

Бројни патеки и тесни сокачиња водат до многу прекрасни места. Едно од нив е Франковиот бар, познат по својот фантастичен поглед на старото пристаниште. Франко беше ставен на листата на Newsweek на „Најдобри барови во светот“.

Повеќето посетители остануваат во Камари и Периволос. Тие вообичаено одат во главниот град на екскурзии кои вклучуваат бродски тури до локалниот вулкан, и пливање во жолта вода, која ја добила својата боја од вулканскиот суфлур.

На враќање, многумина ја посетуваат Оиа, која се наоѓа на северната страна на островот. Оиа го има најбогатиот поглед во калдерата и незаборавни залези на сонцето.

Убавината на островот беше прикажана на големото платно во филмот од 2001 година „Лара Крофт: Тумб рајдер“, со Анџелина Џоли, кој беше снимена во Оиа.

Санторини со Ел Мундо

Санторини со Ел Мундо

Плажите Периса и Периволос, кои се практично споени, се полни со кафулиња и дискотеки. Повеќето посетители доаѓаат да пливаат тука бидејќи на тоа место Егејот е мирен, а некои од плажите имаат невообичаен светло црн песок.

За дополнителна авантура, може да се земе брод од Санторини до блиската Теразиа, на спротивната страна од вулканот. И самото пристигнување до пристаништето е забавно. Патниците можат да одат надолу по бројните скали на Санторини, да се возат на жичарница за воодушевувачки поглед од височина, или за потрадиционален пристап, да јаваат магаре.

Иако задоволствата може да се скапи, храната е извонредна. Сабјарката во таверна Петрос е нешто што мора да се проба.

Санторини е познат и како остров на вљубените, а името го добил по заштитничката Св. Ирина, која ги штити паровите кои овде се ванчаат.

Ел Мундо специјално за вас креираше опширна понуда за лето 2013. А понудата за неодоливиот Санторини може да ја видите овде.

Categories: Грција, Ел Мундо, Лето | Tags: , , , , , , , , | Leave a comment

Интересни дестинации за патување во Грција

Грција со Ел Мундо

Грција со Ел Мундо

Ако планирате да патувате во Грција, изборот ви е неограничен. Ние ги издвоивме најубавите плажи и острова на оваа преубава земја, а вам ви останува да решите што најмногу ви одговара

Санторини: најубавиот залез на сонцето

Луѓе од целиот свет доаѓаат на овој остров само за да уживаат во преубавиот залез на сонцето.

Од својата соба во Оји ја гледате црвената топка како тоне во морето, a потоа ќе се качите на автобус и одите во го разгледате главниот град на островот Фир. Таму ноќниот живот е едноставно неверојатен, а сигурно ќе се забавувате и во „Енигма“ или „Коо“ клубот, а нема да згрешите ако го изберете и клубот „Мурфи“.

Плажа Навагио, Закинтос: најголемо доживување

Позната и под називот плажата со бродот(Shipwreck), таа е дефинитивно средиште на настаните. Се верува дека овде последниот брод минал во 1983 година, но се насукал пред проверката на шверцот на цигари, вино и уште многу корисни нешта. Бродот и натаму се наоѓа таму, но кога ќе се упатите кај него, не заборавајте ја маската за нуркање, зашто погледот под морето е преубав.

Крит: најразновиден

Преубавите плажи, прекрасниот поглед и ноќниот живот се причини зошто Крит – најголемото грчко острово, е изборот на мнозинството. Крит е острово познато по митот за Минотаутот и древната Минојска циволизација, чии остатоци и денес може да ги видите.

Селото Ретимно ви нуди сè на едно место, па не ќе мора да се трудите да го напуштате. Сместете се во хотелот „Rethymno youth“ и уживајте на преубавите плажи кои се наоѓаат на чекор од него, или истражувајте го стариот летачки град и пристаништето.

На плажите постојат многу спортски активности, а ноќите можете ги минувате во кафулето „Рок“, но понесете си пиво на плажа и играјте во барот Кактус сè до изгревот на сонцето.

Скопелос: скриена тајна

Заобиколете го популарниот Скијатос и откријте ја совршеноста на блискиот Скопелос. Ако дојдете со траект, сигурно е дека некој од локалното население ќе ве повика да престојувате во неговиот дом. Ќе добиете сместување за малку пари, а со тоа и домашни оброци. Ако се определите за хотелско сместување изберете студио во „Стела“.

Нивните соби се наоѓаат во близина на градот, а со автобус можете да стасате до преубавите плажи Панормос и Милиа.

 

Categories: Грција, Европа, Ел Мундо, Лето | Leave a comment

Крстарења со Ел Мундо – сега достапни за сите

Крстарење со Ел Мундо

Крстарење со Ел Мундо

Со повеќе од 120 пристаништата околу Средоземното крајбрежје, сигурно можете да  изберете комбинација на крстарења и одмори, да одите на долго или кратко патување со вашите пријатели или семејството. Без разлика дали ќе се одлучите за источниот  или западниот Медитеран може да  откриете се што секогаш сте сакале да видите.

На кртстарење може да отиде секој кој сака да прошета повеќе и да искуси нешто ново! Вака би можело накратко да се опише размислувањето на вљубениците на крстарењето кои развиле комплетна филозофија за тоа како економично да уживате во крстарење од сништа . Одамна се минати времињата кога крстареле само богатите и тоа повеќето биле пензионери. Денес крстарат тие кои сакаат добра забава и се подготвени целосно да уживаат во Медитеранот.

Кај крстарењата секогаш најдобро е кога ќе се уплати „first minute“, односно „Pronto Price“, но за нашиот пазар секогаш се најповолни посебните промоции на посебни поаѓања, да речеме „Коста“ или “MSC” за кои Ел Мундо e офицјален партнер во Македонија.

Дестинации

Едно од најбараните крстарења е до Мароко и северот на Африка. Второ на топ листата е западен Медитеран, Мароко, Малта и Португалија. Друго е јужна Европа (Италија, Франција и Шпанија). Но секоја дестинација е приказна сама за себе. Најчесто, се патува преку ноќта каде што Вие уживате во комодитетот на бродовите ( ресторани, базени, џакузи, спортски сали, дискотеки…), а преку ден шетате низ големите метрополи и екскурзии.

Сето тоа сега е достапно и кај нас. Ел Мундо Ви нуди незаборавни крстарења, сега достапни за сите. Ние ве очекуваме да ви ги пренесеме сите детали, а на Вас оставаме да ни ги раскажете импресиите.

Categories: Ел Мундо, Лето, крстарења | Tags: , , , , , , , , , | Leave a comment

Blog at WordPress.com.