Ел Мундо за Вас креираше дестинации кои дефинитивно се неодоливи. Еве ја нашата листа:
Капри – Италија
Капри е италијански остров сместен на јужната страна од неаполскиот залив. Тоа е познато збиралиште и одморалиште благодарение на своите природни убавини.
Најчести мотиви на разгледниците од овој преубав италијански остров се и најпознатите обележја на Капри, а тоа се пристаништето „Марина Пикола“, местата Белведере, Анакапри, Блу Грото, како и остатоците од разурнатите села од времето на Римската Империја.
Специфично за Капри е климата, која се одликува со блага атмосфера, без појава на студ во вечерните часови. На Капри има два поголеми града, тоа се Капри, на северната страна од островот, и пристаништето Марина Гранде, каде што пристигнуваат сите бродови.
Бидејќи островот е долг само 2 километри и широк 1,6 километри, имате големи шанси да го истражите целиот остров шетајќи се и да се запознаете со тамошната флора и фауна.
Канкун – Мексико
Градот Канкун во Мексико е лоциран на еден од најуникатните и највозбудливи туристички предели во светот, кој се граничи со Карипско Море. Канкун е прекрасен туристички град со возбудлив ноќен живот. Сепак, уште поатрактивен го прави неговата околина, која изобилува со недопрена природа, вклучувајќи и џунгли, интересни археолошки градови со пирамиди што ги граделе староседелците на Јужна Америка, Маите и Астеците, како и многу интересни животни и растенија.
Секако, најинтересно е Карипско Море, поточно уникатната морска вода, која се смета за најчиста во цел свет и која има необично светлосина боја. Туризмот е високоразвиен во Канкун, па во богатата понуда има изобилство хотели што ќе ги задоволат потребите и на најпребирливите клиенти.
Хаваи – САД
„Хаваи е најпрекрасниот синџир острови распространет од природата во океаните“, напишал познатиот американски писател Марк Твен за островот Хаваи.
Хаваи, најмлада сојузна држава на САД, е еднa од најпосетените туристички дестинации на планетата. Хаваи станува територија на САД во 1900 година, а на островите е сместено и познатото воено пристаниште Перл Харбор, кое беше бомбардирано за време на Втората светска војна.
Сепак, во наредните години Хаваи се трансформираше во голема туристичка дестинација и моќна економска сила.
Хавана – Куба
Хавана е главен град, најголемо пристаниште и комерцијален центар на Куба. Тој е најголем град според популацијата, воопшто, и во Куба и во целиот Карипски регион. Гледајќи според површината, Хавана не е најголем град, туку според популацијата, која изнесува 2,3 милиони. Градот е сместен на 144 километри југозападно од Ки Вест, Флорида.
Хавана претставува центар на најпознатите театарски претстави во кои настапуваат дел од најпочитуваните актери.
Азурен Брег – Франција
Азурен Брег, како што е популарниот назив за француската ривиера, сместен е на северноисточниот дел од брегот на Франција на Медитеранско Море, кое се граничи со Италија. Познатиот Кански филмски фестивал секоја година се случува токму на француската ривиера и привлекува филмски ѕвезди од цел свет. Азурниот Брег е едно од најпознатите одморалишта во светот, кое се надоврзува на италијанската ривиера, па продолжува на запад низ Монако, Ница, Антиб и Кан, па низ целиот медитерански брег.
Француската ривиера стана собиралиште на познатите личности во почетокот на 20 век, а особено беше посетен од високата класа од Англија.
Доколку се уште барате нешто интересно за вашиот летен одмор – целата понуда може да ја видите овде.