Posts Tagged With: Родос

Уникатните грчки острови – кој е вашиот избор?

Грција е популарна туристичка дестинација, место за одбор кое го бираат туристи од сите краеви на светот. 227  населени острови се опкружени со кристална вода, сочувана природа и плажи со светски квалитет…

Ние, Ви ги претставуваме најдобрите:

1. Санторини – Најпознатиот, најсликовитиот и туристички најпосетениот остров во Грција. Санторини е вулкански настанатиот остров, местото со прекрасна глетка кога заоѓа сонцето и со специфични плажи од бела, црвена, сива и црна песок. Припаѓа на островската група Киклада. Туристичката атракција Санторини се два мали вулкански острови: Palea Kameni и Nea Kameni, а покрај фантастичните плажи, островот е познат и по прекрасната архитектура.

Грција со Ел Мундо

Грција со Ел Мундо

2. Крит – Крит е најголемиот грчки остров, петти по големина на Медитеранот. Важи за еден од најубавите грчки острови, чиј главен адут се преубавите плажи и убавото време. Брегот е долг 1050 метри. Ханија се смета за најубавиот дел од островот, Хераклион е главниот град и најпознатото туристичко место. Крит е познат по Минојската цивилизација и палатата во Кносос, богат е со атракции, преубава и разновидна природа.

Грција со Ел Мундо

Грција со Ел Мундо

3. Кефалонија – Припаѓа на групата Јонски острови и е најголем во неа. На овој остров се наоѓаат најубавите плажи во светот, а најпозната е Миртос, која е рангирана како најубава во светот. Виното произведено на нејзината територија важи за едно од најдобрите светски вина.

 

Грција со Ел Мундо

Грција со Ел Мундо

4. Крф – Плажите на Крф се меѓу најубавите плажи во Грција. Поголемиот дел од нив се наградени со сино знаме. Крф е местото со природни убавини, местото во кое се спојуваат традиционалното и космополитското. Има премногу културно историски знаменитости, а стариот град се наоѓа на листата на UNESCO.

Грција со Ел Мундо

Грција со Ел Мундо

5. Родос – Домот на едно од седумте светски чуда . Најголемиот и најјужен остров во Додаканез, местото кое сите уживатели на вистинскиот одмор го бираат за одмор. Возбудливиот ноќен живот и добра кујна и кристалните плажи се она што ги привлекува туристите од целиот свет.

Грција со Ел Мундо

Грција со Ел Мундо

Ел Мундо ова лето Ве поканува да посетите дестинација која не сте биле до сега…да го почуствувате духот на Егејот, Медитеранот, Јонското море..секое место со своја посебна убавина! И не заборавајте – заслужувате одмор каде што ќе ги наполните батериите. Целата наша понуда може да ја видите овде.

Categories: Грција, Лето | Tags: , , , , , , , , , | Leave a comment

Blog at WordPress.com.