Posts Tagged With: Летни понуди

Санторини – хит понуда за лето 2013 на Ел Мундо

Санторини со Ел Мундо

Санторини со Ел Мундо

Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописните и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, нареечен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви , е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце.

Но, всушност денешниот негов изглед е последица на огромна вулканска ерупција која се случила во 1.650-тата година пред нашата ера кога западниот дел од островот буквално потонал во Егејското Море и со себе, според некои теории „собрал“ траги од високоразвиена цивилизација. При таа ерупција исфрлена е околу 30 кубни километри магма, од која е создаден овој прекрасен залив. Трагите од оваа ерупција се забележуваат и до денешен ден, на обоените страни од овој остров.

Сред Егејското море во еден надреален амбиент, овој остров зрачи со мир и опуштеност. Во предвечерните часови, Санторини ви дава прилика да уживате во  најубавото зајдисонце, со чаша вино на многубројните тераси.

Островот на заљубените, своето име го има добиено од заштитничката на островот Света Ирини, за која постои верување дека ги штити паровите кои ќе се венчаат на островот.

Санторини со Ел Мундо

Санторини со Ел Мундо

Главен град на островот е Фира, додека центар на случувањата е гратчето Оја распослано по должината на работ на изгасениот вулкан на северниот брег од островот. Тука се лоцирани најлуксузните хотели и има монденски ноќен живот.

Хотелите се наоѓаат на источната страна од островот во Камарија, а на западната страна, на стрмната вулканска страна, на околу 300 метри надморска височина се наоѓа мало место Тира, познато по куќите бојадисани во сина и бела боја со еден од најубавите погледи на морската шир.

Ел Мундо Ве поканува на ова преубаво патување…конечно може да одберете дестинација која ќе ја паметите целиот живот. Целата летна понуда може да ја погледнете овде.

Categories: Грција, Лето | Tags: , , , , , , , | Leave a comment

Blog at WordPress.com.