Posts Tagged With: www.elmundo.com.mk

Виена и Ел Мундо – стоплете го срцето со Захер торта и Моцарт

El Mundo ве води во Виена

El Mundo ве води во Виена

Виена, срцето на Австрија, е десеттиот град во ЕУ по бројот на популацијата, и за 2008 година, тоа е градот кој се наоѓа на втората позиција по квалитет на животот.Виена лежи во источниот дел на Австрија и е оддалечена од Братислава само 65 км.

Зад оваа европска метропола стои долга и голема историја, која датира уште од 500 г.н.е., кога претставувала селтичка провинција. Меѓутоа, најголем белег остава 19 век, кога Австрија драматично расте и се развива на сите полиња – политички, економски и културно-уметнички. И поради тоа, уметноста и културата имаат долга традиција во Виена, вклучувајќи ги театарот, операта, класичната музика и применетата уметност.

Нејзиното раскошно лице е лесно препознатливо: грандиозни империски палати и бомбастични барокни ентериери, музеи, волшебни плоштади, и над сè, феноменалниот Хофбург – каде Хабсбуршката династија владеела, живеела и љубела. Меѓутоа, токму овој историски аспект нè тера да заборавиме дека Виена е една урбана, модерна и динамична метропола, каде може да се соочите со провокативната современа уметност. Виена е потсетник за бесмртните музички дела на Моцарт, Бетовен, Хајден, Шуберт, Штраус, Брамс, Мелер и Шонберг.

Ако сте помислиле дека парискиот Версај е совршен, тогаш не сте го виделе неговиот најголем ривал – Палатата Шенбрун, која е еден од најзначајните културни споменици во Австрија.

Но наша препорака за што треба да се посети во Виена е следна :
– дворецот Белведере – има изложба на слики постојано доколку сте љубители на уметност
– дворецот Schönbrunn (http://www.schoenbrunn.at/en/) – таму има многуголема и убава зоолошка, градина со лавиринти од жива ограда, а задолжително е внатрешна посета на најголемиот ривал на Версај.

Во самиот центар на градот се :
– катедралата на св. стефан – Stefans Dom
– дворецот Hofburg ( тука се наоѓа и  куќата на пеперутките каде што ако влезете секакви пеперутки летаат околу вас)
-Задолжителна посета и на Дамел во непосредна близина на Хофбург – првото кафуле во Виена каде што се прави оригиналната Захер торта по таен рецепт
– Забавниот парк Пратер , операта, парламентот , собранието , природно-научниот музеј, а за шопинг рајот  веднаш зад него се наоѓа Maria-Hilferstrasse една долга улица со продавници каде што изборот е преголем.

El Mundo ве води во еден од најубавите културно-историски градови во Европа. Оставете на нас да го организираме Вашето патување.

El Mundo ве води во Виена

El Mundo ве води во Виена

Categories: Европа | Tags: , , , , , , , | Leave a comment

Blog at WordPress.com.